Осигурување од автомобилска одговорност - обновување на полиси

Полисата за автомобилска одговорност можете да ја обновите најрано 30 дена пред истекот на постоечката, Евроинс Осигурување е тука да ви помогне брзо и едноставно да ја продолжите полисата со само неколку клика. Важно е да имате:

• Податоци за возилото според сообраќајната дозвола

• Валидна платежна картичка

• Валидна ваша адреса за електронска пошта и

• Можност за печатење на полисата.

Податоците се внесуваат со латиничен голем фонт .Старите регистарски ознаки се внесуваат пример: SK-XXX-NK новите пример: SK XXXX EN.

При регистрирање на возило, задолжителен е отпечатен примерок од полисата за осигурување од автомобилска одговорност, потпишан од страна на договорувачот-осигуреникот на осигурувањето, и да ја доставите на шалтерот на МВР.

За корисничка поддршка можете да се јавите на телефонскиот број 02/3228-904, или да пишете на електронската адреса nbo@euroins.com.mk (понеделник – петок 08-16 часот)

Доколку има потреба од промена на податоците во полисата, или прекин, како и за сите други дополнителни осигурувања (Кршење стакло, Евро Каско) и информации, посетете некое од нашите продажни места или да ја контактирате нашата корисничка подршка.